Словенечката влада денеска ќе одлучува за воведување гранични контроли со Хрватска и Унгарија, соопштија од словенечкото МВР, јавија словенечките медиуми. Министерот веќе ги известил своите хрватски и унгарски колеги.
Претходно Рим ја извести Љубљана дека поради променетата состојба во Европа и Блискиот Исток и зголемената закана од терористички напади, воведува гранични контроли со Словенија.
-Словенечкото МВР подготвува известување до Европската комисија за воведување гранични контроли, согласно шенгенските правила. Станува збор за предлог за привремена мерка поради зголеменото ниво на проценка на терористичка закана во земјите од ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар.
Министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за ситуацијата во шенген зоната и за внатрешната безбедност на Унијата и шенген зоната… Ваквата средба доаѓа откако вчера десничарската влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони соопшти дека по проценка на ситуацијата, неопходно е зајакнување на италијанската граница…











