Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Смеам, но не би направил такво нешто – Трамп за можноста да се кандидира за потпретседател на САД во 2028 година

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат.

„Би смеел да го направам тоа, но не би го направил. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа, затоа што е премногу суетно. Мислам дека на луѓето не би им се допаднало. Суетно е. Не, не би било исправно“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион Air Force One на пат кон Јапонија.

Никој не може да биде избран за американски претседател по трет пат, според 22-от амандман на американскиот Устав. Некои предложија дека тоа би можело да се заобиколи, доколку Трамп се кандидира за потпретседател со друг претседателски кандидат, кој потоа би поднел оставка, со што на Трамп би му се овозможило повторно да стане претседател. Критичарите ја оспоруваат законитоста на таков маневар.