Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снегот го парализира сообраќајот во Белгија, Холандија и Хрватска

/

пред 278 дена

Сподели преку :

Обилните снежни врнежи што од ноќта ги зафатија Белгија и Холандија предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот, со долги колони на автопатиштата и бројни откажувања во авиосообраќајот.

Во Белгија се формираа колони возила во должина од околу 800 километри, а возачите се движат со значително намалена брзина поради снег и мраз.

На аеродромот „Зевентем“ во Брисел беа откажани околу 40 летови, додека во Холандија на аеродромот „Схипхол“ се откажани најмалку 800 летови.

Во двете земји е прогласен портокалов метеоаларм, а властите предупредуваат на голомразица, силен ветер и дополнителни прекини во сообраќајот. Граѓаните се повикани, доколку е можно, да работат од дома.

Снежното невреме предизвика сериозни проблеми и во Хрватска, каде е блокиран железничкиот сообраќај кон Далмација. Десетици патници од возот на релација Загреб–Сплит останаа заглавени во Книн поради дефект на локомотивата и тешки временски услови.

Патниците се пожалија дека со часови биле без храна, пијалаци и јасни информации, а во услови кога не бил обезбеден алтернативен превоз.