Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

/

пред 514 дена

Сподели преку :

Во тек се последните подготовки за 53-то издание на „Мајските оперски вечери“ и премиерната изведба на „Риголето“. Со звуците на „Триумфалниот марш“ од Џузепе Верди и палење на фестивалскиот оган, вечерва свечено ќе биде отворен фестивалот со кој ние се гордееме и кој без дилема високо котира во светки рамки, вели уметничкиот раководител на Операта, Христо Саракинов. 

„Премиерната изведба ни е „Риголето“ комплетна обнова со една италијанска екипа. Диригентот ни е од Италија, Џанлука Мартиненги и во оваа претстава во улогата на Џилда ќе настапи Ана Дурловски која токму на оваа претстава слави еден голем јубилеј 25 години уметничка дејност“, вели Саракинов. 

За што се е опфатено во годинашната програма на Мајските оперски вечери, тој додаде:

„Кога ја креиравме програмата, се одлучивме за пет оперски претстави. Тоа се „Набуко“, „Мадам Батерфлај“, „Турандот“ и на крај завршуваме со грандиозната „Аида“.

Во рамки на фестивалот ќе биде изведен и балетот „Лебедово езеро“. Диригент е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. На „Мајските оперски вечери“ се предвидени гостувања на врвни странски и домашни солисти.

Нина Стефанова