Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со преслушување на исказите на Видевски, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Денеска продолжува судењето во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На денешното рочиште ќе се читаат исказите на Боре Видевски од истрагата.

На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства. Рече дека за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето на партијата „Десна“ во Скопје до 10 часот, по што си заминал дома во Велес.

По читањето на исказите ќе следи испитување на адвокатите на останатите обвинети.

Пред Видевски сведочеше второобвинетиот Велибор Манев, кој ги призна злосторствата и го посочи Боре како соучесник. Тврди дека за убиства на Панче и Вања пукал Палчо, а девојчето било грабнато по грешка. Манев посочи и дека Александар Ѓорчевски е невин, но го пријавил под присила.