Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со транспаренти ВМРО-ДПМНЕ ја започна активната блокада на Собранието

/

пред 1608 дена

Сподели преку :

Од активна блокада до активно присутни. Опозицискиот дел од пленарната сала сепак не остана со празни клупи. Пратениците влегоа во пленарната сала со транспаренти, најавувајќи активна борба против штетните закони.

Не само што дојдоа, туку Мицевски им забележа и на мнозинството што доцнеа два часа со почетокот на седницата, велејќи дека, „ним не им треба блокада, сами си се блокираат„. Побара од претседателот на Собранието, да ги укори тие што не се присутни во салата, вклучително и половина Влада.На ова, Џафери потсети дека обврските важат за сите.

Социјалдемократите, пак, укажаа дека, наместо блокада, можеле да побараат распуштање на Собранието.

Од СДСМ денеска побараа, доколку блокираат, опозициските пратеници да се откажат од платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се` што им следува.На новинарските прашања, дали тие ќе се откажат од парите земени за периодот од 2011, 2015 и 2016 кога СДСМ го блокираа Собранието, одговорија дека тогаш не бил овој пратенички состав. За периодот од 2020 до 2021 кога законодавниот дом практично не работеше, вината ја префрлија на пандемијата.

Активната блокада, според најавите на опозицијата, ќе трае се` до постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори.

Далиборка Дамјанска Цветановска