Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати. Според информациите од собраниските служби, меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други. Собранието ги објави имињата на кандидатите за Народен правобранител.












