Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сочувство и поддршка од македонското здужение на судии и од кривичниот суд за убиениот судија во Тирана

/

пред 378 дена

Сподели преку :

По убиството на судијата Астрит Калаја во Албанија, кого обвинет го застрела во судница, со сочувство и поддршка се огласија од македонското здружение на судии и од кривичниот суд. Од здружението велат дека овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и потсетник е дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност.

Од Кривичен порачаа дека ова само ја потврди загриженоста на судиите во целиот регион, за нивната сигурност и достоинствено почитување на нивните права што во последните години е доведено во прашање. Екипираноста и опременоста на судската полиција е во катастрофална  состојба, алармираат од независниот синдикат на полицијата, од каде велат дека бројот на судски полицајци низ судовите е недоволен за безбедни судови.