Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојузот на дијабетичари очекува до крајот на годинава набавка на уште 700 сензори

/

пред 687 дена

Сподели преку :

Ги бараа речиси пет години, ги добија лани. Денеска лицата со дијабет апелираат сензорите да бидат достапни за сите. Очекуваат од надлежните до крајот на годинава да набават уште 700-тини вакви уреди за мерење на гликемија во крвта.

Сензорот им го олеснува мерењето на гликемија и на децата, па наместо со класично боцкање, преку овој уред родителите ќе можат да ја следат состојбата на најмалите кои имаат тип 1 дијабет.

Лицата со дијабет се жалат и на недоволен број на центри, не функционирање на центарот за дијабетично стопало, а ниту таблетарната терапија не е на позитивна листа. Здравствените власти уверуваат проблемите ќе се решат.

Во Македонија има околку 130 илјади дијагностицирани пациенти со дијабет. Изминатата година дијабетичарите ја прогласија за најтешка бидејќи немаа терапија и беа оставени сами на себе да се снаоѓаат.

Под мотото „Благостојбата кај лицата со Дијабетес – создаваме дијабетес култура“денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија го одбележи Светскиот ден на дијабетесот.

Симона Петровска