Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сократис Фамелос е избран за нов лидер на СИРИЗА

/

пред 694 дена

Сподели преку :

Сократис Фамелос е нов лидер на грчката опозициска партија СИРИЗА по вчерашните избори на кои гласаа нешто над 70.000 членови и симпатизери.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите пред поранешниот министер Павлос Полакис кој освои 43,5 проценти. Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис, по само една година на функцијата, беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија „Движење на демократија“.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци, СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.