Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

/

пред 473 дена

Сподели преку :

Околу 17.000 боледувања има на годишно ниво, а најголем дел од нив се вработени во јавниот сектор. Според директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски вработените земаат боледување кога има зголемен обем на работа или кога земаат ниска плата па мораат да работат и на друго место.

Дополнителен проблем е тоа што кога вработените од јавниот сектор се на боледување платата не им се намалува, па според надлежните тоа ги поттикнува да ја користат оваа можност и кога реално немаат потреба.

Од ФЗО велат дека поради сомнежите за злоупотреба на боледувањата контролите се зголемени двојно, но сепак немаат капацитет да одговорат на сите барања.

„Ние во здравството имаме 20 проценти од вработените на боледување. Посебен проблем се боледувањата во полиција, царина и одбрана. Веќе физички не ни можеме да одговориме на сите барања за контрола на боледувањата“, изјави Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување.

Од Фондот укажуваат и на друг проблем бројот на здравствено осигурени лица е поголем од бројот на жители. Според Клековски, во системот има над 1.800.000 осигуреници, а половина од нив не се осигурени преку работен однос, туку преку други основи, како пензионери, невработени и лица со ниски приходи.

Клековски објасни дека дел од овие осигуреници се лица кои живееле во Македонија, но се иселиле, и покрај тоа останале во системот и се уште користат здравствено осигурување.

Учеството на Фондот во вкупните јавни расходи останува околу 13.3%, тоа значи дека, и покрај големиот број осигуреници, сепак Фондот се финансира од различни извори, а не само од придонесите на вработените.

Тамара Марковска