Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Обвинителството за организиран криминал и корупција води предистрага по анонимна кривична пријава, потпишана од „група вработени во МВР“, за сомнежи за преземање на податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, објави „Слободен печат“. Според пријавата, се копирале и енкриптирале податоци, т.е. се шифрирале во таен код за наводно да завршат кај разузнавачки служби во странство.

Под сомнение, како што се наведува во пријавата, е ИТ-администратор во претседателскиот Кабинет, кој наводно бил поврзан со странска разузнавачка служба. Притоа се споменуваат и други функционери во Кабинетот на Сиљановска Давкова, но и од Агенцијата за разузнавање за кои постоеле сомнежи дека можеби учествувале во прикривање на докази, пренесува „Слободен печат“.

Потписниците на пријавата бараат отворање на постапка со друг обвинител, форензичко вештачење на сите електронски уреди, сервери, телефони и медиуми користени од лицата, прибирање на видеонадзор, логови, ВПН-записи, електронска комуникација и пристапни листи, проверка на евентуално компромитирани класифицирани информации и НАТО-комуникации.

Засега нема одговор од Кабинетот на македонската претседателка.

Од ОЈО ГОКК, пак, потврдуваат дека предистрага се води од декември лани за што алармирал Секторот за компјутерски криминал во МВР. Веднаш се издадени наредби за докажување на сомнежите, но сè уште се чекаат информации од Секторот за компјутерски криминал во МВР за содржината на евентуално извлечените податоци, како и од двата мобилни телефона кои биле одземени од пријавениот.

С.Д.