Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието и во источните делови (на места со брзина над 65 км/час).
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе засилува.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 16°C, а максимумот од 23 до 30°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
4 Лазарополе, 5 Берово, 7 Маврови Анови, 8 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 9 Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Претор, Крива Паланка, 10 Струмица, Демир Капија, Дебар, Крушево, 11 Штип, 12 Кавадарци, 13 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Виница, 15 Гевгелија, 17 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
2 Претор, Крушево.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.0, Преспанско Езеро 19.0, Дојранско Езеро 24.2
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











