Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 1.8.2025

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Првиот ден од месец август носи стабилно време. Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18°C, а максимумот од 26 до 34°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

7 Штип, 6 Крушево, 5 Виница, 4 Охрид, 2 Крива Паланка, Берово, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 22.0, Преспанско Езеро 21.0, Дојранско Езеро 23.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/