Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СОНК денеска ќе го разгледува предлогот на Владата

/

пред 1629 дена

Сподели преку :

Владата донесе одлука за ребаланс на Буџетот, со цел да се обезбедат пари за зголемување од 10% на платите во образованието.

Формирана е и работна група од надлежните министри со цел да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.

Ги повика СОНК да ги прифатат понудените 10 проценти, но синдикатот се уште размислува за ова.

Денеска на седница синдикатот ќе ги разгледува заклучоците, па ќе се произнесе, но во меѓувреме штрајкот продолжува.

Децата веќе седум дена надвор од училишните клупи. Учениците губат настава, а родителите почнаа да губат нерви.

Додека Владата и СОНК преговараат, семејствата бараат одговори кога ќе продолжи наставата и дали и како ќе ги надоместат пропуштените часови.