Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сообраќајна несреќа кај Мавровска крстосница – најмалку петмина повредени

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Најмалку пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале четири моторцикли и четири патнички возила.

Инцидентот бил пријавен во 15:56 часот во гостиварската полиција, а сообраќајот на оваа делница е целосно во прекин. Полициските служби од ОВР Гостивар го пренасочуваат сообраќајот по споредни патишта, преку Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток.

Екипи на итната медицинска помош и полицијата се на терен, а повеќе детали за причините и состојбата на повредените се очекуваат во текот на денот.