Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сообраќајна несреќа кај с.Ногаевци- во прекин сообраќајот Велес-Градско

/

пред 395 дена

Сподели преку :

 Поради сообраќајна незгода на регионалниот пат Р1102 Велес-Градско, кај крстоница за с. Ногаевци, од 06:25 часот сообраќајот е во прекин поради вршење увид.

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица)  започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

Од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај,

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.