Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сопружници загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Струмица

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Сопружници од село Мокриево на возраст од 70, односно 69 години, загинаа попладнево во тешка сообраќајна несреќа на излезот од село Колешино, кај Струмица.

Според информациите од СВР Струмица, автомобилот „фолксаваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кој го управувал Т.Н. и во кој сопатник била неговата сопруга Н.Н., излетал од коловозот и завршил во каналот покрај патот.

Од здобиените повреди и двајцата починале на местото на несреќата, а лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта. Поради големото оштетување на автомобилот, во извлекувањето на телата учествувале и пожарникари од ТППЕ Струмица.

На местото на несреќета увид извршиле екипа на полицијата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.

Инаку, во последните 24 часа ова е втора сообраќајна несреќа со смртни последици во овој регион. Синоќа на локалниот пат Ново Село – Мокриево, исто така, загина жител на 38-годишна возраст од селото Мокриево, а уште две лица беа повредени.