Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Состаноци наместо преговори во Истанбул – прво Турција, САД и Украина, а потоа Турција, Русија и Украина

/

пред 515 дена

Сподели преку :

Турција денеска во Истанбул ќе учествува на два трилатерални состанока, како дел од новите дипломатски напори за крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, јавуваат агенциите.

Состанокот меѓу турски, американски и украински претставници е закажан за 9:45 часот по европско време. Потоа американската страна ќе ја замени руска, па на маса ќе седнат делегации на Турција, Русија и Украина во 11:30 часот по европско време, информираат извори, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан вчеравечер се состана со Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин, а долго разговараа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот украински колега Володимир Зеленски.

Од турското МНР додаваат дека засега не е сигурно дали ќе има состанок и во четирипартитен формат со учество на Турција, САД, Русија и Украина, пренесува АФП.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема напредок кон мирот во Украина, сè додека лично не се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин кој не отпатува во Истанбул.