Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советничка на ЗНАМ во Прилеп го напушти мнозинството и ќе дејствува независно

/

пред 152 дена

Сподели преку :

Мирјана Стеваноска, советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп денеска соопшти дека ја напушта владејачката коалиција. Taa најави дека ќе дејствува независно, а за одлуката кажа дека ја донела „водејќи се од најдобриот интерес на граѓаните на Прилеп“. Стевановска беше носител на советничката листа на ЗНАМ на последните локални избори.

Пред советниците рече дека довербата од граѓаните, е обврска која што не смее да биде изневерена и дека не прифаќа да биде декор во нечиј политички театар.

„Во изминатиот период покажав дека не прифаќам политика на молк, слепо гласање и немо прифаќање на однапред договорени одлуки. Советникот не треба да биде декор во политички театар туку активен и принципилен глас на граѓаните. За жал сведоци сме дека наместо аргументирана дебата и суштинска расправа советот се претвора во место за формално потврдување на политичките интерси само на една партија“ рече Стевановска .

Минатата недела пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и мнозинството и објави дека ќе десјтвува независно.

Пратеникот на ЗНАМ Миле Цеков ја напушти партијата и ќе дејствува како независен пратеник