Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советникот на Зеленски предвиде колку долго ќе трае војната

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.

Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни, рече Арестович во интервјуто објавено на Јутјуб во вторникот вечерта.

Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“, додаде тој.

Дури и да се прекинат сегашните борби во регионот на Донбас, тоа не би значело крај на војната со Русија, изјави советникот Володимир Зеленски.