Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на Европа ќе ги набљудува локалните избори во Македонија

/

пред 359 дена

Сподели преку :

Делегација од 15 члена на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа ќе ги набљудува локалните избори во Македонија на 19 октомври. Мисијата ќе ја предводи Ирец, а седум тима ќе бидат распоредени на различни гласачки места низ државата. Во рамки на набљудувачката мисија, делегацијата ќе одржи средби со претставници на ДИК, политички партии, медиуми, невладини организации, како и со меѓународни партнери. Предвидени се и заеднички состаноци со тимот на ОБСЕ/ОДИХР. Прелиминарните заклучоци од мисијата ќе бидат презентирани на заедничка прес-конференција со ОБСЕ/ОДИХР и Европскиот парламент, која ќе се одржи во понеделник, 20 октомври, во хотел „Хилтон“ во Скопје.