Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на ЈО не избра нови членови

/

пред 1439 дена

Сподели преку :

Членовите на Советот на јавни обвинители не дадоа поддршка на ниту еден од кандидатите за нови Јавни обвинители во обвинителството за организиран криминал и корупција.

Двајца обвинители добија  мнозинство гласови но не ја добија потребната поддршка на гласањето кое се одвива според бадинтер.

Денешното гласање се случи по три одлагања во кои членовите бараа дополнително време за да изградат став околу профилот на кандидатите.

Кандидати беа Милица Гаврилова и Маја Коневска од обвинотелството за гонење организиран криминал,  Елизабета Јосифовска од поранешното СЈО, Арсим Адеми од ОЈО Гевгелија познат по сообраќајката со Кичеец, Верица Бержетска Крстевска од ОЈО Скопје и Златко Биковски од ОЈО Берово.