Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на обвинители ја доби одлуката на ДКСК за претседателката Димитриеска

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Членовите на Советот на јавни обвинители ќе ја разгледаат одлуката на Антикорупциската комисија за именувањето на претседателката Душица Димитриеска и заменикот Башким Бесими во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и потоа ќе се изгради заеднички став.

Претседателката Димитриеска потврди дека одлуката на антикорупционерите е пристигната во Советот а кога ќе се разгледува не соопшти.

„Дописот од ДКСК е доставен во текот на вчерашниот ден до советот на јавни обвинители. Истиот ќе биде предмет на разгледување од страна на членовите на Советот и после тоа ќе се произнесеме по наш став по одлуката“, изјави Димитриеска

За Димитриевска е нејасно зошто токму сега реагира антикорупциската комисија кога и во минатото имало слични ситуации кога членови на советот на јавни обвинители биле во УО на Академијата.

„Јас можам да појаснам дека и во актуелниот состав на УО на Академијата за судии и Јавни обвинители и до сега немало никакви забелешки ниту пак констатиран судир на интереси од страна на ДКСК“, рече Димитриеска

Според информациите на Телма, жалбата на скопскиот Виш Обвинител Мустафа Хајрулахи на одлуката за негова суспензија, која е достaвeн до Советот ќе се разгледува во понеделник. Хајрулахи е под истрага за злоупотреби на службената положба и малтретирање на вработени во обвинителството, а  државниот обвинител Љупчо Коцевски  го суспендираше до завршување на постапката.

„Можам да појаснам дека до светот на јавните обвинителите  доставена жалба од страна Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Скопје. Постои законски рок од осум дена биде разгледана и советот на одлучи и жалбата ќе биде ставена на седната на Советот а јавноста и медиумите транспарентно ќе бидат известени преку веб страницата на Советот“, изјави Димитриевска.

Антикорупциската комисија минатиот петок донесе одлука според која Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители треба да ги стават вон сила одлуките со кои во Управниот одбор (УО) на Академијата за судии и јавни обвинители ги номинираат своите членови Антоанета Димовска, Ханиф Зендели, Душица Димитриеска и Башким Бесими бидејќи судиската и обвинителската функција им е во мирување а  според Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на советите не смеат да бидат членови на УО на институции и претпријатија со државен капитал.

Огнен Чанчаревиќ