Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот на обвинители ја укина суспензијата на обвинителот Цветановски

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители ја укина суспензијата за обвинител во Вишото скопско обвинителство  Јове Цветановски и ја врати постапката на повторно разгледување на дисциплинската комисија која претходно побара Советот да преземе мерки против обвинителот Цветановски.

Советот на јавни обвинители едногласно ја прифати жалбата на Цветановски со што тој повторно ќе се врати на работа до новата одлука на дисциплинската комисија на Обвинителството. За Цветановски беше отворена дисциплинска постапка заедно со постапката за поранешниот раководител на Вишото јавно обвинителство- Скопје за одлуки со кои се откажувале од предмети при што е направена штета на државата од повеќе милиони евра. Цветановски негираше и тврдеше дека е под прогон на екс обвинителот Љупчо Коцевски и дека тој работел законски.