Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„SpaceX“ ја изгуби комуникацијата со вселенскиот брод за време на најновиот тест лет на ракетата „Starship“

/

пред 575 дена

Сподели преку :

По речиси два месеци од експлозијата која испрати остатоци над Теркс и Каикос, „SpaceX“ лансираше нова ракетата „Starship“, но ја изгуби комуникацијата неколку минути по полетувањето, а вселенскиот брод почна да паѓа неконтролирано.

Ракетата, висока 123 метри, полета од Тексас непосредно пред зајдисонце. „SpaceX“ успеа да ја врати првата фаза на ракетата назад на платформата со големи механички раце, но моторите поставени на врвот на вселенскиот брод почнаа да се исклучуваат додека ракетата се движеше кон исток, во насока на контролирано слетување над Индискиот Океан.

Комуникацијата беше изгубена кога вселенскиот брод влезе во неконтролиран вртлог. Летот требаше да трае еден час, но не успеа да ги ослободи симулираните сателити како што беше планирано. Бродот достигна висина од 150 километри пред да настанат проблемите.

Локацијата на падот на леталото за сега не е позната. Ова е осми тест лет на „Starship“, кој беше осмислен за да се ослободат четири макетни сателити, слични на сателитите „Starlink“ кои моментално орбитираат околу Земјата.