Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека немало обид за сокривање на убиството на ракометарот Денис Тот.
„Постојат повеќе причини што била причината за настанот. Според изјавите кои ги имаме, тоа е лично недоразбирање меѓу девојката и момчето. Сочувство до семејството на починатиот и да отфрлам сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка, туку од Клиничкиот центар нашите екипи се излезени и започнуваат истражните дејствија. Немаме запирање во ниту еден момент, се до целосното расчистување на случајот со поднесување на кривичните пријави во рок од 24 часа. За едно лице се трага. Ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“, изјави Спасовски.