Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасовски: МВР уште во 2012-та поднесе кривична против тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството до денес нема ништо преземено

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

МВР ја следи работата на Онкологија уште пред десет години и не е точно дека не презеле никакви мерки, изјави министерот за внатрешни Оливер Спасовски пред пратениците на Комисијатата за случајот со Онкологија. Тој нагласи дека уште во 2012 година МВР поднело кривична пријава против тогашниот директор на клиниката, но дека до денеска Јавното обвинителство не презело никакви мерки.

„МВР првпат реагира на 31.05 2012 година во основа на оперативни сознанија кои ги има и поднесува кривична пријава против директорот на онкологија во тоа време од одделот за организиран криминал до основното јавно обвинителство за спречување на организиран и сериозен криминал, со индиции на злоупотреба на цитостатици на лекови. Од моментот на поднесување на пријавата до денеска не е преземно ниту едно истражно дејствие од страна на Јавното обвинителство“ изјави Спасовски.

Инаку, Јавното обвинителство на крајот на минатиот месец поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија, која крадела цитостатици. Таа досега не е достапна за органите на прогонот.

Во Собранието заседава Анкетната комисија за скандалот со Онкологија, а пред пратениците свои образложенија дадоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.