Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани во Бангкок

/

пред 566 дена

Сподели преку :

Тешка опрема продолжи да ископува под урнатини на висококатницата во изградба во Бангкок со надеж дека ќе бидат пронајдени и извлечени преживеани лица. Гувернерот на Бангкок рече дека властите истражуваат зошто се урнал објектот за време на земјотресот кој пак предизвика ограничена штета врз останатите објекти во главниот град на Тајланд.

Властите соопштија дека 78 лица се уште се водат како исчезнати по земјотресот во петокот. Гувернерот рече дека е клучно да се утврди што тргнало наопаку за да се подобри безбедноста на зградите во градот, каде што милиони луѓе живеат и работат во илјадници високи згради.

Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.000 луѓе во Мјанмар и најмалку 18 во Тајланд, поголем дел од нив на градилиштето во Бангкок.