Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спиридонова: Kога ќе се спомнaт ЛГБТ формите меѓу учениците се отвора минско поле

/

пред 691 дена

Сподели преку :

  • „За младите е многу видлива. Кога станува збор за дискриминација тие веднаш почнуваат да зборуваат за класичните форми како религиозна и национална основа. Сега по основа на изглед или колку пари имаат нивните родители, или за кои групи навиваат, а кога ќе се спомне ЛГБТ формите тогаш како да се отвора едно минско поле што има многу одговори во кои се бранат традиционалните ставови, каде што голем е притисокот на младите луѓе кои интимно си ги следат своите избори и потреби во однос на сексуалната ориентација и родовото дефинирање и себеидентификацијата во ова поле, бидејќи се во години кога го градат својот идентитет, и добиваат куп од измешани репресивни пораки каде што нашата средина не им дава можности како да се избори за детето за себе“ изјави Гордана Блажевска Спиридоновска, психолог во СУГС „Никола Карев“.

Спроред психологот „ова се тешки битки за да се бори дете во вакви услови, да побара помош, училиштата би требало да бидат најсигурни места во однос на себеистражувањето, фасцинантно е како ние луѓето ваквите места да ги направиме небезбедни“.

  • „Притисокот врз момчињата е многу голем,  со сите несоодветни изрази дека се болни, дека тоа не е нормално, дека е сериозно пореметување, и сериозен отпор дека една млада средина дека е свежа и отворена за нови согледувања, ова е минско поле кое не знаеш што ќе најдеш“ изјави Спиридонова.
  • „Кај законот за средно образование кој е испратен до Владата тоа е изменето сега веќе се наредени заштитните основи за дискриминација, текстот не е достапен до јавноста, меѓутоа се разликува со онаа на ЕНЕР кои беа отворени за јавноста за коментари 30 дена, по правило сите ние кои коментиравме требаше и да добиеме одговор дали нашите предлози се прифаќаат или не се прифаќаат, ние такво нешто не добивме, но дојдовме до информации за законите кои се доставени до Владата. Во тој примерок се набројани заштитните основи , меѓутоа недостигаат сексуална ориентација и родов идентитет“ изјавви Маја Атанасова од Здружението на млади правници.