Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

/

пред 521 дена

Сподели преку :

Меѓународниот аеродром во Тирана урива рекорди во бројката на патници кои ги користат неговите услуги, но и на транспортот на стоки. Тоа го потврдуваат податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ), според кои во првиот квартал од годинава регистрирани се  2.083.050 патници, наспроти над 1,9 милиони патници или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година.

Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Официјалните статистички податоци покажуваат дека во овој период е зголемен и обемот на стока што се транспортира со авион. Обемот на стоки, вклучително и влезна и појдовна пошта, преку воздушен транспорт изнесува 550,5 тони, од кои 74,5% се влезна стока и 25,5% појдовна стока.

Вкупниот обем на стоки за првиот квартал од 2025 година е зголемен за 10,2%, во однос на првиот квартал од 2024 година. Во овој период во авиопревозот оперирале 19 авиокомпании, од кои 18 странски и 1 албанска.Според ИНСТАТ, во албанскиот воздушен простор летале 65.146 авиони, од кои 79,5% се прелети.