Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спречен терористички напад: Петмина уапсени за план за напад на божиќен пазар во Германија

/

пред 303 дена

Сподели преку :

Германската полиција уапси пет лица осомничени дека подготвувале напад со возило врз посетители на божиќен пазар во сојузната покраина Баварија. Станува збор за тројца државјани на Мароко, еден Египќанец и еден Сиријец, а властите наведуваат дека постои сомнеж за исламистички мотив.

Според обвинителството, 56-годишен Египќанец повикувал на извршување напад со возило со цел да се убијат или повредат што е можно повеќе луѓе, додека тројцата Мароканци наводно се согласиле да го извршат нападот. Сиријскиот државјанин се товари дека ги охрабрувал осомничените да го реализираат планот. Нападот, според безбедносните служби, требало да биде извршен на божиќен пазар во регионот Динголфинг-Ландау, североисточно од Минхен.

Сите осомничени се изведени пред судија и им е одреден притвор. Германските власти нагласуваат дека навремената и координирана акција на безбедносните служби спречила можен напад, во услови на зголемена безбедносна закана за време на божиќните празници, поради претходни смртоносни напади на вакви настани.