Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србија ја продолжи забрана за извоз на млеко и млечни производи, но не важи и за Северна Македонија

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Српската Влада ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Северна Македонија и во Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

Владината забрана, како што е објавено во Службен весник, се однесува за извоз на повеќе видови на млеко, како и масло во амбалажа од над еден килограм.

Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја има прифатено извозната декларација пред да стапи во сила одлуката.

На почетокот на септември српската влада воведе привремена забрана за извоз со цел да се спречи критичен недостиг на овие намирници.