Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србија одбележува 27 години од НАТО бомбардирањето на тогашна СР Југославија

/

пред 197 дена

Сподели преку :

Србија денеска одбележува 27 години од бомбардирањето на НАТО на тогашна СР Југославија, одлука што беше донесена без одобрение од Советот за безбедност на Обединетите Нации.

СР Југославија (заедница на Србија и Црна Гора) беше нападната под изговор дека е виновна за неуспехот на преговорите во Рамбује и Париз за идниот статус на покраината Косово и Метохија. Откако српскиот парламент ја потврди одлуката за неприфаќање на странски трупи и предложи сили на ОН да го следат решавањето на конфликтот во Косово, НАТО започна воздушни напади со крстосувачки ракети и авиони врз неколку области на Србија и Црна Гора на денешен ден во 1999 година во 19:45 часот.

Деветнаесет земји-членки на НАТО почнаа со ракетирање од бродови во Јадранското Море и бомбардирање од четири воздухопловни бази во Италија, со поддршка од стратешки бомбардери кои летаа од бази во Западна Европа, а подоцна и од САД.

Речиси и да нема град во Србија кој не беше цел во текот на 11-неделните напади.

Според српското Министерство за одбрана, за време на воздушната кампања на НАТО загинале 1.031 припадник на армијата и полицијата. Се проценува дека загинаа околу 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца, околу 6.000 цивили беа ранети, меѓу кои 2.700 деца, како и 5.173 војници и полицајци, а 25 лица се водат како исчезнати.

Бомбардирањето уништило и оштетило 25.000 станбени згради. Оштетени биле 14 аеродроми, 19 болници, 20 здравствени центри, 18 градинки, 69 училишта, 176 културни споменици и 44 мостови, додека 38 биле уништени, а беше погодена и зградата на Радио Телевизија Србија.

Србија објави дека за време на бомбардирањето се извршени 2.300 воздушни напади врз 995 објекти низ целата земја, а 1.150 борбени авиони лансирале речиси 420.000 ракети со вкупна маса од 22.000 тони.

Српските власти додаваат дека НАТО лансирал 1.300 крстосувачки ракети, испорачал 37.000 „касетни бомби“, користел забранета муниција со осиромашен ураниум, како и т.н. графитни бомби за онеспособување на електроенергетскиот систем.

Воздушната кампања на НАТО врз СР Југославија заврши со потпишување на Воено-техничкиот договор во Куманово на 9 јуни 1999 година, а три дена подоцна започна повлекувањето на силите на СРЈ од Косово и Метохија. На 10 јуни, Советот за безбедност на Обединетите Нации ја усвои Резолуцијата 1244, со што и официјално беше ставен крај на воздушната кампања на НАТО врз СР Југославија.