Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средба Мицкоски–Орбан за економија и партнерство, опозицијата алармира за тајни договори

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Зајакнување на стратешкото партнерство и продлабочување на економската соработка. Владината прес-служба соопшти дека денешната средба во Будимпешта, помеѓу премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Орбан била со фокус на овие теми. На средбата се разговарало за инвестиции, трговска размена, инфраструктура, енергетска стабилност и регионална безбедност, како и за поддршката од Унгарија во евроинтегративниот процес на Македонија.

„Двајцата премиери разговараа за инфраструктурната поврзаност, енергетската стабилност и регионалната соработка, оценувајќи дека во услови на глобални предизвици, силните партнерства се клучни за обезбедување стабилност и развој. Беше истакната и важноста на поддршката што нашата држава ја добива од Унгарија во контекст на европската перспектива, при што беше нагласено дека процесот на интеграција треба да се темели на принципиелност и мерит-систем. Премиерот Мицкоски ја истакна и вредносната димензија на односите меѓу двете држави, нагласувајќи дека заедничките вредности – семејството, традицијата и зачувувањето на националниот идентитет – претставуваат темел на стабилни и просперитетни општества. Воедно, беше нагласена и улогата на Унгарија во справувањето со мигрантската криза и значењето на соработката во обезбедувањето на регионалната безбедност“, се вели во дел од владиното соопштение. 

Остра реакција пристигнаа од опозицијата. СДСМ упати критики за владините политики и надворешните односи, оценувајќи дека тие ја водат државата кон изолација и неизвесност. Од партијата изразија загриженост за блиските односи со унгарскиот премиер Орбан и прашуваат – дали се кројат некакви договори зад затворени врати.

„Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува да тера со своите политики на изолација, корупција и одработување за туѓи интереси. Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните. Мицкоски ги продава македонските национални интереси а денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски. Какави други договори се прават зад затворени врати? Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, во енергетиката и телекомуникациите?“, се вели во дел од соопштението на СДСМ.