Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српската полиција соопшти за 38 приведени во синоќешните протести

/

пред 1038 дена

Сподели преку :

Началникот на полициската управа на српската полиција, Ивица Ивковиќ денеска изјави дека при синоќешните инциденти и обидот за насилен влез на демонстрантите во просториите на Градското собрание, припадници на Министерството за внатрешни работи кривично гонат 38 лица, прибирањето докази продолжува и дека оваа бројка сигурно ќе се зголемува во текот на денот.

Тие се товарат за обид за насилна промена на уставното уредување и насилничко однесување. Тој истакна дека припадниците на Министерството биле крајно воздржани и го издржале нападот цели три часа.

Употребата на полициските единици била исклучиво во согласност со законот на начин предвиден со модерен полициски закон, изјави тој за РТС.

Студенти и млади луѓе кои учествуваат на протестите поради, како што тврдат, кражба на изборите на 17 декември, за денеска најавија шестчасовна сообраќајна блокада на две локации во Белград.

Тие ги повикаа граѓаните да се соберат во 11 часот пред Министерството за државна управа и локална самоуправа, од кои бараат да се овозможи проверка на избирачкиот список, јави Бета.