Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српската премиерка Ана Брнабиќ утре доаѓа во посета на Македонија

/

пред 1601 дена

Сподели преку :

Премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Македонија.

Како што потврди српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.

По средбата, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“, што ќе се одржи во рамки на Самитот „Македонија 2025“.

На Самитот ќе се дискутираат актуелни теми, како што се трансформација, дигитализација, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градење на глобални брендови, дигитални општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блок-чеин“ технологиите.