Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српската водителка Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во својот дом

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Српската водителка Бојана Јанковиќ е пронајдена мртва во својот стан во Белград, а шокантната вест ја пренесоа српските медиуми.

За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград и наредена е обдукција.

На телото нема видливи траги на насилство.

Бојана Јанковиќ се прослави во култното шоу на телевизија Пинк – „Град“.

Таа беше во брак со Огњен Јанковиќ, фронтменот на рап групата „Београдски синдикат“.

Последен пат беа видени заедно во 2022 година, по што по 15 години брак се разведоа со заедничка согласност, останаа во добри односи и се грижеа за нивните две ќерки.