Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српскиот претседател предвидува инциденти на денешните протести во Белград

/

пред 477 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.

„Ќе има насилство, тие не можат да излезат од тоа. Никој нема да ги слуша нивните говори“, изјави Вучиќ пред новинарите во Палатата на Србија по доделувањето награди на поединци и институции по повод Видовден.

Тој додаде дека државните власти ќе се обидат да бидат воздржани и трпеливи, а организаторите на собирот нема да бидат задоволни од резултатите од тој протест.

Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18 часот на плоштадот Славија во Белград, а во официјалниот дел треба да трае до 21 часот.

Тие доставија два ултиматума до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот во Пионирски парк, кои бараат да бидат исполнети до 21 часот денеска.