Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српското МВР апси осомничени за планирање на државен удар – екипа на Телма во Белград

/

пред 584 дена

Сподели преку :

Српското МВР почна со апсења на лица кои се осомничени за планирање на дела против уставното уредување и безбедноста на државата. „Политика“ објави дека приведени се шест лица под сомнение дека планирале државен удар.

Според весникот, лицата, на состанок на 12 март, планирале насилна промена на уставното уредување, а снимките беа емитувани на повеќе српски телевизии.

Телевизија Телма има медиумска екипа (новинарот Огнен Чанчаревиќ и снимателот Зоран Трајковски) во Србија која ќе известува за актуелните случувања во Белград. Првите јавувања ќе бидат во вечерните вести и во дебатната емисија „Топ тема“.