Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Урнати диви доградби на 10-тина објекти во Струмица – помина рокот од два месеца, вели Костадинов

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Апокалиптични сцени осамнаа утрово во центрот на Струмица по вчерашното целодневно рушење на дивоизградените објекти на струмичките кафулиња. Заградените тераси на јавните површини доброволно си ги отстрануваа дел од угостителите, а тие што правеле отпор ги рушеше екипа со механизација на комуналното претпријатие во присуство на општинска градежна инспекција и полиција. Вчера се срушија десетина објекти долж струмичкото корзо и на леблебиџиската улица, места познати по ноќниот живот и кафулињата.

Градоначалникот Костадинов рече дека имале рок од околу два месеца да реагираат и најголемот број од угостителите досега ги отстраниле нелегално поставените објекти.

Дел од угостителите се обидуваа да поттикнат промена на правилниците за користење на јавна површина и тие до последно се надеваа дека ќе успеат, но такво нешто не се случи.

Дел од граѓаните не сакаа да коментираат за овие активности. Немо гледаа како се руши и само прокоментираа дека институциите веројатно знаат што прават, но други велат дека треба да се стави ред и дека не можеле да се движат поради узурпираните површини.

Рушењето на бесправно изградените објекти во Струмица следува по трагедијата во Кочани, кога Владата преку надлежните министерства, а потоа и општините нареди вонреден инспекциски надзор за работата на дискотеките и угостителските објекти.

Сузана Мицева