Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ ja напушти денешната седница на Економско-социјалниот совет

/

пред 217 дена

Сподели преку :

Сојузот на синдикатите ја напушти денешната седница на Економско-социјалниот совет. Дебатата заврши уште пред да започне и ССМ одби да помогне во обезбедување кворум, порача претседателот Трендафилов.

Вели дека пресметките на Владата водат до поевтина потрошувачка кошничка, од тоа што го пресметаа синдикатите, а на Економско-социјалниот совет ќе биде усвоено само законското усогласување 1.500 денари, со што минималната плата ќе стигне до нецели 26 илјади денари.

ССМ не отстапува од барањето за минималец од 600 евра и 100 евра зголемување на сите останати плати, па затоа најавуваат голем протест на 14-ти март. Премиерот Мицкоски пред почетокот на Советот рече дека за се треба да се бара решение преку институционален пат. Ставот на министерот за економија Дурмиши е дека потрошувачка кошничка ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции, а не да ја составуваат некои луѓе што не се релевантни, апропо синдикална кошничка.

Т.Д.