Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ССМ: Трговците ги искористија најавите за ограничени маржи и ги зголемија цените на основните производи

/

пред 766 дена

Сподели преку :

Минималната потрошувачка кошница за едно четиричлено семејство за месец септември поскапа за 107 денари во споредба со месец август.

Ова го покажува пресметката на Сојузот на синдикати на Македонија, од каде велат дека за тековниот месец за основни потреби неопходни се 61.306 денари.

Од ССМ велат дека најмногу загрижува податокот во делот на трошоците за храна и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23.034 денари и каде се бележи скок од 717 денари во однос на месец август.

– Ова покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија, велат од ССМ.

Додаваат дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за храна и пијалоци во целост, односно 86 проценти се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.