Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици

/

пред 538 дена

Сподели преку :

Стационарот Лана ќе се отвори за две седмици, велат од управата на прифатилиштето за бездомни куќиња во Струмичко. Според изјавата на вработените во Лана, Агенцијата за храна и ветеринарство дала привремена забрана за работа во траење од петнаесет дена, период во кој треба да се постапи по забелешките на инспекторите од АХВ.

Стојкова потенцира дека не се констатирани неправилности во однос на хуманиот пристап на кучињата поради што смета дека оваа одлука е преригорозна.

При вонредниот инспекциски надзор во стационарот Лана, инспекторите утврдиле неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција.

Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња, се наведува во извештајот на АХВ.

СУЗАНА МИЦЕВА