Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стаменкоска Трајковски: Урбана хигиена и чиста животна средина е еден од петте мои приоритети за Кисела Вода

/

пред 378 дена

Сподели преку :

Еден од петте приоритети во нашата програма се однесува на системска програма за урбана хигиена и чиста животна средина, порача Бети Стаменкоска Трајковска, кандидатка за градоначалничка на Кисела Вода од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Целата организација која сега макотрпно се право во Општина Кисела Вода, заради немањето на поддршка и немањето на она што значи одговорна работа од страна на Град Скопје и целиот проблем кој се создава, верувам дека во иднина ќе биде надминат. Но, со ова дополнително системско уредување што знали дополнително надоградување на сите оние потребни делови, кога станува збор за одржување на хигиената во општината и крајно здрава животна средина. Што се однесува до линданот, моите истражувања велат дека средствата кои изминатата влада предводена од СДСМ ги добила за справување со овој проблем се потрошени, а проблемот не е решен“, рече Стаменкоска Трајковска.

Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите седум кандидати за градоначалник на Кисела Вода. Присуството го откажа само Марко Ташков од група избирачи.

С.Д.