Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стармер: Велика Британија нема да се придружи на нападите врз Иран, но им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Амбасадорот на Иран во Велика Британија, Сејед Али Мусави, изјави дека нападите на сад и Израел врз Иран се „нелегални“ и го поддржа правото на Иран да се брани. Британскиот премиер Kир Стармер пак изјави дека Велика Британија нема да се придружи на нападите врз Иран, но се согласила да им дозволи на САД да ги користат британските бази за напади врз иранските ракети и нивните места за лансирање.

–Соединетите Американски Држави побараа дозвола за користење на британски бази за таа специфична и ограничена одбранбена цел. Донесовме одлука да го прифатиме ова барање, за да спречиме Иран да испукува ракети низ регионот, убивајќи невини цивили, ставајќи ги во опасност британските животи и напаѓајќи земји кои не биле вклучени. Основата на нашата одлука е колективната самоодбрана на долгогодишните пријатели и сојузници и заштитата на британските животи. Тоа е во согласност со меѓународното право и објавувамерезиме на нашите правни совети. Ние не се приклучуваме кон овие напади, но ќе продолжиме со нашите одбранбени акции во регионот и исто така ќе донесеме експерти од Украина, заедно со наши експерти, за да им помогнеме на партнерите од Заливот да соборуваат ирански беспилотни летала, напаѓајќи ги. Сакам да бидам  многу јасен. Сите се сеќаваме на грешките на Ирак и ги научивме тие лекции. Не бевме вклучени во првичните напади врз Иран и сега нема да се придружиме на офанзивните акции. Но, Иран спроведува стратегија на  изгорена земја. Затоа ја поддржуваме колективната самоодбрана на нашите  сојузници и нашите луѓе во регионот, бидејќи тоа е наша должност кон британскиот народ, изјави Стармер.