Согласно истиот договор, владата презела обврска да ја заврши експропријацијата на три и од четирите делници до август месец во 2023 година и доколку тоа не го направи, секој месец до завршување на експропријација да плаќа по три милиони евра казна, што значли дека само до формирањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, требаше да се платат 36 милиони евра казна, истакна Александар Николоски, вицепремиер во владата и министер за транспорт, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„А, до завршување на експропријацијата, која што ќе оди во експресен рок, затоа што претходно не се работела, требаше да се платат над 50 милиони евра казна. Ние се договоривме оваа казна да се не се плаќа. Значи, стартно ние заштедивме 302 милиони евра, средства на граѓаните, и дополнително ги натеравме да работат“, потенцира Николоски.
Тој порача дека делниците на автопатите ќе се изградат, меѓутоа, како што рече, „со поодговорен однос кон народот“.











