Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Статус-кво состојбата со блокираната деветта генерација на кандидати за идни судии и обвинители продолжува

/

пред 604 дена

Сподели преку :

Статус-кво состојбата со блокираната деветта генерација на кандидати за идни судии и обвинители продолжува и по денешната седница на Управниот одбор на академијата за судии и јавни обвинители.

Новата директорка на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски ги сподели со членовите на УО информациите и одговорите од институциите повразни со оваа генерација која беше стопирана лани за време на предизборието со одлука на антикорупциска, а потоа и од Управниот суд дека приемниот испит е прекршување на изборниот законик кој забранува постапки за вработуање.

Но, и по изборите, приемниот испит не продолжи поради одлуката на владата да се запрат постапки за вработување и да се замрзнат согласностите од Министерството за финансии издадени до 14 февруари 2024 година.

Денеска членовите одлучија да бараат одговор од Министерсотвото за финансии пред да почнат дискусија и да носат одлука како понатаму.