Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стефан Миленковиќ: Не верувам во талент, верувам во работа, дисциплина и во доследност

/

пред 745 дена

Сподели преку :

Не верувам во талент, верувам во работа, дисциплина и во доследност, вели српскиот виртуоз на виолина со светско реноме,  познат во минатото како чудо од дете- Стефан Миленковиќ . Тој синоќа во Македонската филхармонија одржа концерт со нашиот камерен оркестар Профундис и ја освои публиката со техничката прецизност и вештини при изведбата на популарни дела од 19 век, за кои доби френетични аплаузи, а на крајот присутните не го пуштија да си замине без два биса, на кои соло свиреше дела од Бах. Во ексклузивното интервју за Телма, Стефан Миленковиќ зборува и за богатството на план на искуство, стекнато од соработките со уметници и групи што не свират класична музика, за бесмртноста на  музиката и неможноста посветеноста на музичарите денес да биде заменета со вештачката интелигенција, но и за причината зошто го избрал оркестарот Профундис за заеднички настап.

Сотир Трајков