Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стејт департмент: Состојбата со човековите права во Македонија без поголеми промени

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Во најновиот извештај за човековите права за 2024 година, Стејт департментот оцени дека во Македонија немало значителни промени во состојбата со човековите права, но посочи сериозни предизвици со слободата на изразување и насилството врз новинари.

Се забележани случаи на притисоци, тужби и дезинформации, како и зголемено насилство врз жени новинарки.

Владата презела чекори за идентификување и санкционирање на службени лица вклучени во злоупотреби.

Извештајот укажува и на сериозни предизвици во медиумската независност, со закани за клиентелизам преку законски измени што дозволуваат владино рекламирање.

Исто така, се нотираат недостатоци во трудовите права, особено во градежниот и текстилниот сектор, каде се спроведуваат недоволно ефикасни контроли за минимална плата, безбедност и здравје при работа.

Во делот за бегалци и мигранти, се нагласува дека Владата соработувала со меѓународни организации, но и дека имало случаи на принудно враќање на мигранти без правна постапка.

Сепак, позитивно е оценето усвојувањето на измените во Законот за странци, кои овозможуваат постојан престој за бегалците од Косово.